Во седмото поглавје на годинашниов маратон низ Јужна Америка нова победа за Кралос Сајнс во категоријата на автомобили. Минатогодишниот победник кај камионите Николаев конечно освои една етапа, а кај мотоциклите нов блесок на Хондиниот возач, Бареда Борт.
Кај автомобилите Карлос Сајнс ги потврди своето искуство и врвни способности, пристигнувајќи на целта со над четири минути пред „шеикот“ Ал Атијах. За Саинс ова е 27-та етапна победа на Дакар во неговата кариера. Стефан Петерхансел заостана зад Шпанецот над седум минути, но и без оглед на тоа, ја „стопи“ предноста на само минута и 40 секунди, во однос на лидерот во генералниот пласман, Хуан Рома. Сајнс изјави дека нема шанси за победа на ова рели, но ќе се потруди да освои што повеќе етапи до крајот, а зошто не и сите?! Аргентинецот Орландо Теранова кој беше на втората позиција во генералниот пласман доби казна од 15 минути за удар на паднат минувач во претходната фаза и поради тоа „падна“ на четвртото место на табелата, бидејќи го поминаа Петерхансел и Жинел де Вилерс.
Минатогодишниот победник кај камионите Николаев, конечно освои една етапа на годинашново рели. Втор во седмиата фаза од трката кај камионите беше повторно пилот на КАМАЗ – Дмитриј Сотников, а трет заврши Жерар де Рој со IVECO. Проблем за руските камиони е отсуство на ограничувач на брзина во машините во Дакар, што секако многу влијае на одередни дестинации, па оттаму и послабите резултати. Де Рој се зацврсти во вкупниот пласман откако заостатокот на вториот – Андреј Каргинов се зголеми на 38 минути, бидејќи по удар во карпа, откажала славината за автоматско пумпање на гумите, што ги чинеше Русинот 13 минути загубено време, потребно за поправката. Трет е веќе Едвард Николаев, четврт Дмитриј Сотников, а петти Холанѓанецот, Ханс Стејси.
За разлика од автомобилите и камионите, кои возеа на аргентинска територија, мотоциклистите имаа рута на боливиска почва, каде на целта ги пречека претседателот на државата, Ево Моралес. Поради дождот кој паднал во сабота, маршрутата им беше скратена од 401 на 104 километри. Најбрз беше Бареда Борт на Honda и ова беше третата етапна победа во трката и седма во неговата кариера. Вкупно четири минути по Шпанецот во целта стигна Марк Кома. Французинот од малиско потеклом Ален Дикло, кој ја освои претходната фаза, се заглави на почетокот и загуби 20 минути, што го чинеше пилотот на Sherco третото место во генералниот пласман. Тој беше поминат од Виладомс на KTM.
Кај четирициклите Игнасио Касале ја освои третата етапна победа оваа година, со 7:40 мин пред Себастијан Хусеин со Honda и 8:38 пред Серхио Лафуенте. Во вкупниот пласман сега води Касале, пред Лафуенте, Полјакот Рафал Соник и Хусеин.