Да постигнеш гол кога си влегол во натпреварот како резерва е една од најдобрите работи што може да ти се случи како фудбалер. Кога Хуан Агилар влезе во игра во 61 минута од натпреварот на неговиот клуб Гуарани против нивните најголеми ривали во парагвајската лига – Сол Де Америка, сто пати се покаја што беше избран за замената.
Неговиот тим водеше со 2-0, но по тотално безопасното додавање кон својот голман – имењакот Алфредо Агилар, ни крив ни должен стана стрелец на автогол, по само 8 минути на теренот.
За среќа, противничкиот тим не успеа да изедначи, ама автоголот ќе остане зад неговото име, единствено благодарение на овој комичен потег на голманот: