Ден Билзеријан е олицетворение на тоа како 13-годишните момчиња го замислуваат животот кога ќе бидат возрасни. Билзеријан е сéамерикански професионален покер играч кој стана познат на Инстаграм и по тоа што е исклучително богат и има брада, и по тоа што го помина целиот живот во пукање со оружје, во забави, во летање со приватни џетови и во секс без обврски со буквални купови од жени.
Ама Ден Билзеријан не е вистински во традиционалната смисла на зборот, тој е повеќе како реклама за ергенлук. Ден е само постер – симбол за тоа каков може да ни биде животот на нас мажите ако само престанеме да се плашиме и почнеме да вежбаме. Во реалниот свет постојат проблеми како што се банкрот, кламидија и само-рефлексија, но Ден не живее во реалниот свет. Наместо тоа, Ден има 16.9 милиони „фолоуерс“ кои го опсервираат неговото хипер-постоење преку нивните телефони и се чувствуваат хипнотизирани и по малку тажни. Бидејќи во реалноста, најголем дел од нас не се како Ден.
Се чувствувам тажно. Во смисла на лајфстајл хероите на белите сингл момци, Ден Билзеријан е прилично сé што имаме. Кога ќе се вратам дома навечер и куќата е темна и мачката направила партал од кутијата за нужда, нема машка верзија на Бриџит Џонс или Кери Бредшо што ќе ме натера да помислам „Па добро, ермм хммм, барем ги имам моите пријатели и кутија бонбони Whitman’s Sampler”. Наместо тоа, го имам само Ден Билзеријан и неговиот блокбастер живот. И и покрај тоа што тој веројатно е серко и сите негови фотографии се преправање, пак на крајот завршувам со мислата „Ако само можев да живеам така – ќе бев среќен“.
И тоа е причината зошто решив да живеам како Ден Билзеријан.
I spent a week living like Dan Bilzerian. It was alright.https://t.co/hewvhS5raf pic.twitter.com/Dr9kazQLHS
— Julian Morgans (@MorgansJulian) May 4, 2016
ПОНЕДЕЛНИК
Ден Билзеријан носи карго панталони, ама не знам зошто. Дури и натпреварувачите од The Amazing Race престанаа да носат карго панталони. Но, по списанијата има дури 8 варијанти, така што претпоставувам дека луѓето не престанале.
Ова беше планот: Цели 5 дена, нема да јадам ништо друго освен палео и нема да пијам ништо друго освен протеински шејкови и ќе правам само Билзеријан тематски фото-сесии. Исто така ќе научам и да играм покер, многу ќе вежбам и ќе ја носам неговата облека, што е и причината зошто купив карго панталони.
Исто така купив и протеин во прав. Протеинот во прав е измама, и да го имаш во шкафот е срамота, ама го направив тоа за Ден. Оваа недела ќе биде поинаква. Моите вообичаени инстинкти нема да важат, а наместо тоа, ќе го исполнам секој момент на двоумење со WWDD, што значи „Што би направил Ден?“ (What would Dan do?). А Ден би го купил срањето од протеин во прав и би го пиел опсесивно, франатично дури.
Тогаш се упатив кон казиното. Побарав како да играм покер онлајн и научив дека е досадно и комплицирано, ама во основа бара да спаруваш карти. Да спаруваш броеви на карти, да спаруваш карти по боја, по форма, да земаш пари.
Нема потреба да напоменувам дека немав појма што правам, и ми се чинеше дека тоа ги лути другите играчи. Сите запираа на подолго време и воздивнуваа навистина гласно, само за да продолжат кога ќе ставев повеќе чипови на масата. Покерот, сфатив, во многу е како да се обидуваш да не те истепаат во школо. Никој не се смее, никој не изгледа како да се истуширал, а и не можев да престанам да фрлам поглед на грозниот портокалов тепих. Конечно изгубив и си заминав дома.
ВТОРНИК
Го почнав утрото со посета на теретаната. Имам членство бидејќи сакам да носам ствари и да мислам „ТЕ КРЕВАМ!“. Исто така одам бидејќи има девојка што работи зад биро и го користи моето име кога вика „Здраво“.
По вежбањето, испив протеински шејк. Не беше баш супер. Всушност, јас би рекол дека е прашлив и мокар. Знаете како
сокот од црвени боровинки знае да е прашкаст и влажен? Ова беше исто.
Таа вечер отидов на стриптиз. Па, можеби ќе се запрашате како јас успевам да ги правам сите тие милионерски ствари што ги прави Ден, а не сум ни милионер. Одговорот е дека Ден купува нешта со пари, ама јас можам да купам нешта со хиперлинкови. Ја докажав оваа теорија така што се јавив во најдобриот стриптиз клуб во Мелбурн – Bar 20, и прашав дали може да добијам неколку бесплатни танци во скут, во замена за тоа да ги спомнам. Рекоа да.
И така го добив огромниот куп стриптизерски во скутот. Моето пубертетско внатрешно јас ги обожаваше, ама остатокот од мене беше загрижен за тоа како мојот пријател ги фотографира сликите. Сакав навистина да ги погоди, ама бев во купче и зафатен.
Искрено, ова веројатно беше мојот најблизок момент со Ден. Бидејќи и покрај тоа што неговиот Инстаграм изгледа како да презентира моменти од неговиот обичен ден, вистината е дека неговите позирања бараат планирање. Сите тие жени реално не висат со Ден затоа што Ден е добар во секс. Тие се мотаат околу него затоа што некој ги плаќа, и потоа некој ги фотографира. Постои доза на генијалност во тоа да се биде Инста-селебрити, нешто повеќето луѓе го забораваат, и за мене тоа значи да пијам мешавина од Moet и протеински шејк и да се прашувам дали светлото на камерата не е премногу високо за блицот.
СРЕДА
Во среда, се качив на приватен лет до никаде. Ова е затоа што Ден има приватен џет, кој го заменив со еден изнајмен од компанија наречена Airly (сакаш да леташ колку пати сакаш помеѓу Мелбурн и Сиднеј, кога сакаш, за само 2.350 долари месечно?!). Исто така, бидејќи се работеше само за фото-сесија, останавме на асфалтот.
Според планот, имав закажано да дојдат и неколку стриптизерки, ама бидејќи сесијата беше во 10 наутро, тие не се појавија. Имаше тензичен момент кога помислив дека ќе се качам на авионот сам, нешто што Билзеријан го мрази, ама некако тоа не се случи.
Ова е Џулија. Таа ми е пријателка, па да ја прашам да се облече за коктел и да служи шампањ беше морално прифатливо и стрес-фри.
Маријам е десно. Таа пишува за нас во VICE, па да ја прашам да дојде беше чудно. Да, се работи само за фото-сесија и има нула оргии, ама Ден ги става жените во неговите фотографии заради едноставни, олд-скул причини, кои мојата колешка лошо ги прифаќа. Миријам сепак се справи како професионалец и не го тргна погледот од телефонот.
Јас сум Ден Билзеријан после истоштувачки, секси викенд во Вегас, на 3-минутен лет назад до Лос Анџелес, со 10-милиони долари и ново оружје.
Исто така сум и Џулијан кој користи тоалет на приватен лет затоа што се преправам дека сум Ден Билзеријан, а протеинските шејкови се одвратни.
ЧЕТВРТОК
Земав друг протеински прав. Мислев дека „Патот на природата“ е концепт тотално разведен од протеинот во прав, ама тоа не е вистина.
Потоа отидовме на пукање, и научив дека оружјата се заебани. Тоа е сé што научив. Тие се злобни и гласни, и што и да пукаш се разбива, дури и ако е мета од хартија. Ден пука со многу оружја, и одвај чекав да го правам истото, но по сé изгледа не ми се баш „фах“. Јас пораснав во Австралија, која е тивка, мирна земја. Ние немаме ништо толку многу кул, ама за нас, овозможувањето на масовни убиства со оружје за да можат луѓето да се заштитат од масовни убиства со оружје – ни изгледа глупава. Така, баш и не ги контам оружјата.
Другиот проблем е што пукањето со оружје е слично на тоа да се облекуваш како Моќен Ренџер. Ама и Ден Билзеријан игра на некоја слична психологија. Би рекол дека Ден стана голема работа околу 2013, што беше време кога на креативците во адвертајзингот им светна идејата за Ultimate Man. Можеби ја памтите оваа фаза. Тоа беше колективна смешка што ни даде термини како man flu и man bag и man cave и купишта продукти (спортски пијалоци, пити од месо, ледени кафиња, во комплет со 25.000 реклами за пиво кои всушност беа една иста монтажа од ептен машки клишеа. Билзеријан, како Врвен Маж, се вклопи во оваа шема перфектно, но три години подоцна, целата работа се чини малку стара. Да, оружје. Кул.
ПЕТОК
Ова ми беше последен ден, па си сипав водка во шејкот. Јеби га.
После внесов коза во канцеларијата, бидејќи Ден си има на-ти-го-дај-ми-го со козите. Скролај низ Инстаграмот на дечково и ќе видиш дека Ден голем дел од слободното време поминува со коза што ја вика Зевс. Има една слика на која гледаат ТВ заедно, во кревет. Ден дури има и кола обложена со печати со Зевс. Ден изгледа малку опседнато.
И така, висевме со козата, и пробав да работам. Козата се викаше Two Stroke и единствено се грижеше за јадење. Кога ќе ја погледнев во очи, единствено гледав глад и ништавило. Можеби само раб на длабок, прекрасен амбис.
Овде може да има некои сличности со Ден. Тој изгледа се грижи за моќ, и за ништо. Ден најмува жени за фотографии, вежба за фотографии, пука за фотографии, сé за да добие следачи, кои се еднакви на моќ.
Ден е совршениот пример за вечната потрага по повеќе. Сé што прави е масивно и бомбастично и прекриено со пич*а што работи на погон на кокаин. Тој е Америка во самото месо, и за мене, човек што само сака неколку пријатели и повремено да оди на кампување, ама тоа е тешко за живеење.
И после една недела од животот на Ден, сфатив дека не е ни толку супер. За мене, животот воглавно потсетува на живот, без разлика што правам. Да, приватните џетови се фини, ама тие се само цевки со крила. Лежење во мал куп од стриптизерки е фино, ама тие се само луѓе. На крајот, целото тоа нешто беше како планирање на големо патување во Европа, само за да стигнеш и да речеш „Дап, тоа е стара црква. Друго нешто?“.
Ама Ден не може да запре. Тој е Инстаграм селебрити, и е заглавен во оваа голема бесмисленост, истоштувачка, вечна лента за трчање без никаква награда и благодарност. Па, по оваа долга недела, можам да прогледам низ парите и можностите на Ден Билзеријан, и да погледнам право во козата во позадината. Право во Зевс, кој знае дека јадењето е најдоброто што се може.
Џулијан Морганс за VICE