Да бидеме хумани

„Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“- Махатма Ганди.

Со помош на Здружението „Хуманост без граници“ и „Донации“ нудиме начин да направиме добро и хумано дело, можеби мало за нас, но огромно за оној кому му е потребно, сега и веднаш.

Крводарителска акција – ФИНКИ

1654331_796861886994636_1990281654_n

 

Превземено од FB Настанот : Крводарителска акција – ФИНКИ

На ден 27.02.2014 со почеток од 10:00 до 15:00 на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во организација на СП ФИНКИ и БЕСТ Скопје се организира КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА. Акцијата ќе се одвива во просториите на Барака 1 (NOKIA).

Ве очекуваме!!!

Хуманитарна забава во СТУДИО 54

1938958_425861507557736_651173437_o (1)

Организатор: ЦРВЕН КРСТ НА Р.МАКЕДОНИЈА

 

Во рамките на ПХВ програмата (Промоција на Хумани Вредности) Општинската организација на Црвен Крст Карпoш во соработка со учениците од СГГУ ,,Здравко Цветковски” ве покануваме на хуманитарна забава со намера да ве оттргнеме од дневните преокупации.Да докажеме дека можеме да помогнеме некому,ве очекуваме да ја дадете вашата поддршка со вашето присуство.

Што се однесува до забавата ВИ ВЕТУВАМЕ ПРЕКРАСНА ЗАБАВА за која ќе се погрижат
✔DJ NASTY
✔СТЕФАН ДАВИДОВСКИ(x-factor)
✔МАРТИН БУЦО(BeatBox)
✔ТИМОТ ОД ГУЦ
–ВЛЕЗ: 50 денари***
–За повеќе информации и резервации обратете се кај:
☎078 254 433-Ален
✉ Facebook inbox

 

Истовремено сакаме да искажеме голема благодарност до Студио 54 што ни овозможи реализација на оваа забава и ни го отстапи за петочната забава. ** Собраните средства ќе бидат наменети за две социјално загрозени семејства кои се во навистина лоша состојба**

ДАРУВАЈ КРВ, СПАСИ ЖИВОТ

Хуманитарна Проекција на ” Трето Полувреме”

1656060_10202051635949894_1195250194_n

Во Петок, на 28 февруари, во 20:00, во Киното Милениум ке се одржи Хуманитарна Проекција на филмот “Трето Полувреме”.

Прекрасна можност ако не сте го погледа се понале ова ремек дело-да го сторите тоа. Или пак- да се потсетите. Уште еднаш.

Цената на билетот е 100 денари. Средствата кои се собрани ке бидат наменети за лекување на Марга Велеска.

Марга Велеска, 27 годишна девојка боледува од целебрална парализа. За да се подобри нејзината здраствена состојба потребен е третман со пресадување на матични клетки во Русија кој чини 21 000 евра.

СО ВАША ПОМОШ ДО НОВ ЖИВОТ ЗА МАРГА !

Апел за помош на Елена Младеновска

balloon-balloons-beach-colorful-girl-happy-Favim.com-49830

Драги Пријатели.

Да и помогнеме на младата Елена Младеновска да ја извојува својата битка.

Елена има тешка повреда на скочниот зглоб, досега двапати неуспешно оперирана на Клиниката за Трауматологија при Клиничкиот  Центар во Скопје.

Сега има закажана операција во Бугарија на 05.03.2014 година,  која е покриена од Фондот за Здравство, но сепак, патните трошоци, трошоците за сместување, партиципација, терапија, лекови и постоперативен третман треба сама да ги покрие.

Сите можеме да помогнеме

T-Mobile -070143103

VIP 077 143705

Транскациска сметка :

200001917694260-Стопанска банка

на име Елена Младеновска

Апел за помош на Даниела Наумова

apel-za-pomosh-na-daniela-naumova

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, НИЕ СМЕ НА РЕД! СЕКОЈ ОД НАС!

Даниела Наумова, млада жена, мајка на две малолетни деца,голем борец,боледува од карцином на дојка и нејзината состојба секојдневно се влошува.

Потребни се многу лекови и третмани кои за жал, семејството не е во состојба во целост да ги обезбеди.

Затоа Ве замолуваме,Вас,сите хумани луѓе, кои сте во можност да донирате,на долунаведената сметка,за да се спаси животот на една храбра жена.

Да помогнеме, ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !!! –

Gabriela Mihajlovska 2006978428008 br. na smetka 210501570071440 vo NLB

-za uplata od stranstvo

Gabriela Mihajlovska bul.Jane Sandanski 14/1-18 Skopje Iban code MK07210501570071440 Bank name NLB Tutunska banka A.D. Skopje Majka Tereza br.1 Makedonija swift TUTNMK22

Aпел за помош на Славче Шоповски

slavce

 

Дваесет и две годишниот Славче Шоповски боледува од цироза на црн дроб. Тоа е редок вид на заболување за кое во Македонија може да се најде само еден лек. И токму тој, Зинкомин му создава компликации на овој велешанец, кај кого лекарите болеста ја откриле по една година откако го лекувале од депресија.

– Во Македонија ги нема лековите. Еден од лековите роднина ми го купуваше од Германија или  од Грција, каде што чини 50 евра. Другиот лек треба да го купам од Данска или Холандија се вика Вилцин и чини 250 евра ,за едно пакување,  а мене месечно ми требаат две дози. Неможам да го купам бидејќи немам пари па затоа користам негова замена се вика Цинкомин но ми создава проблеми со тромбоцитите кои паѓаат кога го пијам. Тој лек единстевно е на позитивна листа и чини 360 денари. Другите два лека не се увезуваат во Македонија па мора некому во Данска и Холандија да испратиме пари за да ми го купи  или некоја аптека одовде да ми се нафати да го набави па јас да им го платам. Но немам пари, рече Славче.

Никој во семејството на Шоповски не работи. Горан Шоповски вели дека се обидел да им објасни на Фондот за здравство, на Бирото за лекови и на министерството за здравство дека лековите за ова ретко заболување треба повторно да ги вратат на позитивна листа но не успеал во намерата.

– Откако го пребродивме шокот и свативме со каква сериозна болест треба да водиме битка јас во неколку наврати се обидов да остварам контакти со трите државни институции. Бев во Фондот и кога ги прашав за лековите што му ги препишаа на Славче тие рекоа дека не ги знаеле. Од таму ме пратија во Бирото за лекови а тие пак во министерството за здравство. Си ја префрлаа топката додека јас очајнички се обидував да им докажам дека се работи за животот на мојот син. Јас немам пари да ги купам а не сакам да го изгубам детето. Без работа сум и ќе прифатам сешто да работам само да дојдам до пари кои ќе можат да бидат доволни за да набавиме лекови, рече таткото на Славче.

 

ГРАЃАНИТЕ КОИ ЌЕ САКААТ ДА ПОМОГНАТ, СО ПАРИЧНА ПОМОШ, МОЖАТ ДА ЈА ИСКОРИСТАТ ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА НА ГОРАН ШОПОВСКИ

210 501647265398 – ТУТУНСКА БАНКА

МОБ.ТЕЛ 076 47 05 11

Семејството Илиеви апелира за помош

beti

Тешката болест што го погоди семејството Илиеви ја доведе во прашање и нивната егзистенција. Тие останаа без единствената сигурна плата што ја земаше 45-годишната Елизабета. Еве како можете да помогнете!

Кога пред седум месеци ја имаше првата вртоглавица и лекарите констатираа дијагноза стрептокока во желудник, велешанката Елизабета Илиева, не ни претпоставуваше дека болеста ќе се развие во малигна форма на граден кош и на глава. Четириесет и пет годишната жена веќе не може да работи на лозјата во земјоделската фирма. Седи дома, се лекува од канцерот со хемотерапија и се обидува редовно да ја зема терапијата што онколозите во Скопје и ја препишуваат.

Семејството на Елизабета остана без единствената сигурна плата. Сопругот е градежен работник и во зима нема работа, а сезонски работи извршува и нејзиниот син. Сега во домот на Илиеви единствено сигурни се парите што месечно стигнуваат од центарот за социјални работи за нега на Елизабета. Тоа се  само 4 илјади денари  и премалку за да се купат лековите.

За да го купи лекот дексазон и таблетите против болка семејството на Елизабета моли за помош. Таа пак вели дека потешко се соочува со состојбата да бара помош отколку со вистината дека боледува од тешка болест. Но болката  многу често е неиздржлива и не мине ако не се земат таблети.

Сите што сакаат да помогнат можат да уплатат средства на следната жиро сметка:

Елизабета Илиева

Тутунска банка – Велес

210 501564874374

Апел за помош на Никола Вулетиќ

smile

Јас, Горан Вулетиќ со адреса на живеалиште: ул. Иго Тричковиќ бр. 19/9, Куманово, родител на Никола Вулетиќ, ги молам сите хумани и добронамерни луѓе да донираат парични средства за лекување на мојот тринаесетгодишен син кој е сместен во болницата АџиБадем во Истанбул, Турција.
Имено, на 09.01.2014 година му е дијагностициран тумор на мал мозок (medulloblastoma). Поради сериозноста на дијагнозата, бидејќи се работи за тип на агресивен тумор, како и високиот ризик од негово понатамошно ширење, под итно е извршена операција во истоимената болница во Истанбул од страна на детскиот неврохирург проф. д-р Мемет Озек каде е успешно отстранет. Трошоците за операцијата, вклучувајќи ги сите медицински услуги направени во болницата, како и нашиот престој на мене и сопругата Даниела Вулетиќ беа покриени со сопствени средства во висина од 40.000 евра. Сега за негово понатамошно лекување т.е. хемотерапија и радиотерапија неопходни се средства во висина од 100.000 евра кои ние како родители не сме во можност да ги обезбедиме. Затоа ги молам сите хумани граѓани да донираат парични средства на долунаведената жиро сметка со цел да помогнат во негово излекување.
Жиро сметката на која ќе може да ги уплатите средствата:
300097024332971
Комерцијална банка АД Скопје
на име Никола Вулетиќ
Полномошник: Горан Вулетиќ
Адреса на живеалиште: ул. Тричковиќ бр. 19/9 1300 Куманово
Мобилен телефон 070-424-023
Голема благодарност до сите.

Апел за помош на Анкица Стојковиќ

1932310_10152189494488503_1518334093_n
Aпелот е превземен од профилот на:
Petar Stojkovikj . Сите информации и документи може да ги најдете таму. Секако и да остварите контакт, доколку сметате дека е тоа потребно.
“АПЕЛ ЗА ПОМОШ
Драги пријатели, мојата мајка  Aнкица Стојковиќ (62) повеќе од три седмици ја носам во Градска болница на периодични преврски поради изгореница и корозија на глужд и стапало која сега премина во гангрена. Поради ограничените капацитети, ресурси и персонал во државната здравствена установа сѐ уште не можат да ѝ овозможат хоспитализација и соодветен здравствен третман бидејќи тоа подразбира надзор и асистенција 24/7 особено поради фактот што се работи за слепа жена и дијабетичар. Нејзината состојба се влошува од час во час и постои огромен ризик од прерана смрт доколку не ја добие потребната нега ВО НАЈСКОРО ВРЕМЕ.

Јас со моите скромни, неизвесни и нередовни хонорари успеав да го покријам досегашното лекување, но повеќе немам финансиски средства како би ѝ обезбедил итно лекување во приватна здравствена установа, единствената надеж за спасување на нејзиниот живот. Затоа ви се обраќам на сите Вам и ве молам да ми излезете во пресрет со парична помош во рамките на вашите можности. Вашите донации не само што ќе спасат еден човечки живот, туку ќе ми помогнат да го задржам покрај мене и оној еден преостанат родител.

Донациите можете да ги уплаќате на мојата трансакциска сметка:
Петар Стојковиќ
210501585637903
НЛБ Тутунска Банка

Однапред ви благодарам на вашето разбирање и помош. Ве потсетувам, СЕКОЈ ИЗМИНАТ ЧАС Е ПРЕСУДЕН. Ве молам споделете.

Искрено,
Петар

P.S. Во прилог извештај од специјалист и фотографии од мојата мајка од октомври минатата година.

UPDATE 25.02.2014 23:30h
Драги пријатели, досега собрав 5200 денари. Мајка ми итно беше пренесена во специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ каде докторите во последен момент успеаа да ја повратат од мртвите (бидејќи веќе навлегла во почетен стадиум на сепса поради несоодветна и ненавремена здравствена грижа во Градска болница).

Сите прегледи, детални анализи и терапии кои ги прими во „Филип Втори“ нѐ чинеа 7190 денари, а утре потребно е да се направи МСКТ на крвните садови на долните екстремитети кое чини 12.200 денари, а потоа следи контрола со наодот кај васкуларен хирург. Од скенот ќе видат дали ќе одат со бајпас варијанта за да обезбедат циркулација во крвните садови во деловите од стапалото што моментално се без доток на кислород (интервенција која оди со партиципација и на терет за ФЗОМ), или втората варијанта е парцијална ампутација на дел од стапало (интервенција која оди приватно и сѐ уште не знам колку ќе чини). Сето тоа зависи од тоа што ќе покаже скенот. Неизмерно и од срце Ви благодарам на сите што досега ми излеговте во пресрет со донација како и оние кои допрва ќе го сторат тоа, и ми помагате да го спасам животот на мајка ми, но исто така и на оние кои ми испраќаат пораки за поддршка и придонесуваат во ширењето на информацијата со споделување.

Хуманитарна забава за Томче Костадиноски

1972384_253553194811806_77677637_n

Броеви за донација:
T-Mobile 070 143 113
VIP 077 143 706
ONE 075 143 424

Биди хуман, направи промена!
четврток 21ч
влез 100 ден

 

Tомче Костадиноски боледува од Душенова мускулна атрофија, а болеста му била дијагностицирана кога тој имал околу 6 години. Симптомите кои се јавувале кај малото момче не навестувале дека ќе боледува од тешка болест.
Сега и Училиштето е посебно место за 14 годишниот Томче Костадиноски од тетовско Долно Седларце. Без разлика на временските услови ова момче сака да биде меѓу своите соученици и да го открива светот на науката и знаењето. Но додека неговите другарчиња се на часот по физичка култура во спортската сала, Томче е во својата количка за движење и заедно со едно другарче во училницата стрпливо чека на новиот час.
Медицинскиот центар за матични клетки “Ву” во Пекинг овозможува лекување на болестта Душенова мускулна атрофија, а четири неделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 45.000 долари. Костадиновски апелираат до сите хумани луѓе, да помогнат за посветла иднина на нивниот син.

Крводарителска акција на Твитер заедницата

1891274_10152069052087054_2009734416_n

Превземено од Фб Настанот 

  • ДХО „Даре Џамбаз“ – Скопје
  • Втора по ред крводарителска акција организирана од страна на Твитер заедницата. Истата е отворена за сите кои сакаат да ја покажат хуманоста и да даруваат крв. 

    Биди хуман, дарувај и спаси нечиј живот.

- Реклама -