103
Револуционерна нова студија открива дека вирусот кој ги инфицира растенијата како што е црноокиот грашок (Vigna unguiculata), може да помогне во лекувањето на ракот. Вирусот на мозаикот на црноокиот грашок не ги напаѓа директно клетките на ракот. Наместо тоа, таа работи како имунотерапија, стимулирајќи го имунолошкиот систем да ги таргетира и уништува клетките на ракот.
Научниците од калифорнискиот „Универзитет во Сан Диего“, откриле дека наночестичките од вирусот на мозаик од црноок грашок ја зголемуваат стапката на преживување и го потиснуваат растот на туморот кај глувци со рак на дојка, дебелото црево и јајниците.
Вирусот на мозаикот на црноокиот грашок не ги напаѓа директно клетките на ракот. Наместо тоа, таа работи како имунотерапија, стимулирајќи го имунолошкиот систем да ги таргетира и уништува клетките на ракот.
Никол Штајнмец, наноинженерка од калифорнискиот Универзитет во Сан Диего, го предводела новото истражување за овие вирусни наночестички како имуномодулатори. Тоа истражување е објавено во списанието „Advanced Science“.
Претходните експерименти покажале дека инјектирањето на овие наночестички во тумори може да предизвика имунолошки одговор, спречувајќи ширење и повторно појавување на ракот. Неодамнешна студија покажала дека системското доставување на овие наночестички, исто така, може да спречи метастази и да ја подобри стапката на преживување кај различни видови на рак.
Превенција, а не лекување
„Овде не ги третираме постоечките тумори или метастазни болести, туку ја спречуваме нивната појава. Обезбедуваме системски третман со цел да ја елиминираме болеста пред воопшто да се формираат и сместат метастазите“, објаснува Штајнмец.
Истражувањето вклучувало одгледување на билки од црноок грашок во лабораторија и нивно инфицирање со вирусот на мозаикот на црноокиот грашок. Тој процес произвел милиони копии на вирусот, создавајќи наночестички погодни за примена без модификација. Тие потоа биле инјектирани во глувци, кои подоцна биле изложени на метастазни тумори. Глувците третирани со наночестички покажале намален раст на туморот и зголемено преживување во споредба со нетретираните глувци.
Дури и по хируршкото отстранување на туморот, третираните глувци покажале подобри резултати, нагласувајќи го потенцијалот на наночестичките во спречување на резидуална болест и метастази.
„Дури и ако изведете операција за отстранување на туморот, ниедна операција не е совршена и метастазите ќе растат доколку не се обезбеди дополнителен третман. Овде ги користиме нашите наночестички од растителен вирус по операцијата за да го стимулираме имунолошкиот состав да се бори против секоја преостаната болести да го спречи метастатското ширење на циркулирачките туморски клетки. Откривме дека работи многу, многу добро!“, нагласила Штајнмец.
Иако добиените резултати кај глувците се ветувачки, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали слични ефекти може да се постигнат и кај луѓето. Научниците сега планираат да ги истражат основните механизми и да ја проценат безбедноста кај другите животни, со цел идните клинички испитувања да бидат на луѓе.