За најмалиот Сеатов автомобил досега сме слушнале разни епитети, но од пред неколку дена ова е „најслаткиот автомобил на планетава“, кој како магнет ги привлекува најмладите – децата?!
Еден Сеатов продавач во Холандија дошол до интересна идеја (сепак таа не е и оригинална) за да привлече купувачи во пресрет на божиќните и новогодишни празници, па автомобилот цел го „облеал“ со вистински чоколаден прелив. Ова деновиве несомнено е една од атракциите на познатата улица Kalverstraat во Амстердам.
Чоколадниот автомобил е дел и од големата наградна игра. Освен што ги развеселува и ги впива како магнет погледите на децата, па и возрасните, кои се воздржуваат да не „грицнат“ малку од автомобилот, туку… доколку погодите колку е тешко чоколадото со кој е обложен автомобилот, ќе добиете два месеци да го користите Сеатовото издание со комплатно платени трошоци.