Coca-Cola го призна својот најголем проблем

Сенди Даглас пие една Кока- Кола секој ден.„ Понекогаш после пладне пијам Кока – Кола Зеро, но никогаш една обична бидејќи има премногу калории. Тоа е мојот дневен режим“.

И да е во прашање некој друг, ова би било сосема неважна вест, но Сенди е претседател на Кока – Кола за Северна Америка.

Coca-Cola priznala svoj najveći problem!

Оваа информација очекувано одекна во медиумите, на САД, бидејќи за втор пат влијателен човек на копанијата посочува проблем кој што го предизвикува нивниот производ.

Потсетуваме, претставникот на Кока – Кола за Европа, Џејмс Квинси, минатата година призна дека Кола предизвикува дебелеење, но тоа го направи откако еден новинар му го посочи фактот дека една лименка содржи 6 ковки шеќер.

Странските медиуми анализираат дека веќе некое време Кока – Кола се бори со пад на продажбата, па веројатно работат на постепено менување на имиџот и насочување кон проблемите кои што очигледно не можат да се заобиколат.

Даглас од таа причина отворено зборува за здравствените проблеми кои што ги предизвикуваат нивните сокови, но во исто време се насочува и кон загриженоста поврзана со обични интернет гласнини, во насока против производот.

- Реклама -