Лига на шампионите: „Граѓаните“ останаа без Европа

Англискиот шампион, екипата на Манчестер сити не успеа да се избори ниту за освојување на третото место во Групата Д од Лигата на шампионите и обезбедување европски настапи и во пролетниот дел од сезоната барем во Лигата на Европа откако вечерва загубија од Борусија на гостувањето во Дортмунд со 1-0.
Шибер со голот во 57. минута им пресуди на „граѓаните“ кои не знаеја да го искористат поразот на Ајакс на гостувањето во Мадрид. Борусија Дортмунд со оваа победа го обезбеди првото место во групата пред Реал кој вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ славеше против Ајакс со убедливи 4-1. Кристијано Роналдо и Калехон уште во првиот дел, а во второто полувреме покрај третиот гол на Кака уште еднаш за конечни 4-1 погоди Калехон.

Руски Зенит успеа да обезбеди продолжување на европските настапи во Лигата на Европа откако славеше против Милан со 0-1. Дани со голот во 35. минута донесе значаен триумф за Русите кои на тој начин во Групата Ц завршија на третото место пред Андерлехт кој ремизираше на гостински терен против Малага.

Од претходно беше познато дека пласман во следната рунда натпревари во Лигата на шампионите обезбедија ПСЖ и Порто од Групата А, Малага и Милан од Групата Б, Шалке и Арсенал од Групата Ц, како и Реал Мадрид и Борусија Дортмунд од Групата Д.

Во снежниот Загреб, под тешки услови за игра на празниот „Максимир“, Динамо Загреб успеа да стигне до првиот гол и првиот бод со кој се збогува од Лигата на шампионите. „Модрите“ ремизираа со Динамо Киев (1-1) благодарение на голот од пенал на Крстановиќ во 94 минута, откако претходно Украинците со голот на Јармоленко дојдоа до водство од 0-1 во 45. минута.

Резултати од 6то коло

Група  А
Динамо Загреб – Динамо Киев   1-1
ПСЖ – Порто   2-1
ТАБЕЛА: ПСЖ 15 бода, Порто 13, Динамо Киев 5, Динамо Загреб 1 бод.

Група Б
Олимпијакос – Арсенал    2-1
Монпеље – Шалке  1-1
ТАБЕЛА: Шалке 12 бода, Арсенал 10, Олимпијакос 6, Монпеље 2 бода.

Група Ц
Милан – Зенит   0-1
Малага – Андерлехт  2-2
ТАБЕЛА: Малага 12 бода, Милан 8, Зенит 7, Андерлехт 5 бода.

Група Д
Борусија Д. – Манчестер сити   1-0
Реал – Ајакс  4-1
ТАБЕЛА: Борусија Д. 14 бода, Реал 11, Ајакс 4, Манчестер сити 3 бода.

- Реклама -