Имаш шеф што се изживува со вработените? Целиот колектив сака да му пукне носот, ама има еден или двајца твои колеги/шки што изгледаат како да уживаат во тоа? Не мора да се газолижачи или швалерки. Може се само психопати.
Психопатите подобро се справуваат со бесчувствителните и грубите шефови, покажува студијата објавена во Journal of Business Ethics. Не само тоа, но некои од нив дури и „цветаат“ под раководство на таквите надредени.
За шефови што малтретираат се сметаат, на пример, тие што непоканети навлегуваат во приватноста на нивните вработени, тие што учествуваат во ширење гласини, и секако – тие што се груби кон своите подредени соработници.
Разбирливо, повеќето луѓе не можат смислат ваквото однесување, или во најмала рака им предизвикува стрес. Но психопатите имаат многу попозитивни чувства кон малтретирачите.
Д-р Чарлис Хрст, една од авторките на студијата, објаснува вака:
„Има примарни и секундарни деимензии на психопатија. И двете се состојат од високо ниво на антисоцијално однесување; меѓутоа, секундарните психопати се поимпулсивни и почесто со „вжештени глави“, додека луѓето кои имаат „висок“ скор во примарната психопатија немаат емпатија, речиси секогаш се со студени глави и се бестрашни.“
Со други зборови, овие вториве не реагираат на нештата што кај другите луѓе предизвикуваат стрес, страв или гнев. За разлика од нивните колеги, кои се ниско на скалата на примарна психопатија, овие „високиве“ чувствуваат помалку гнев и повеќе приврзаност и позитивни емоции кон тирански настроениот шеф. Нивните психопатски особини, гледани во работен контекст, им овозможуваат да чувствуваат повисоко ниво на благосостојба и понизок степен на гнев (кон надредениот).
Се разбира, ваквиот модел на надреден vs. вработен не е добра ствар. Гледајќи во крајност, компаниите можат да завршат со работна сила составена доминантно од психопати.