Една од главните атракции во Сочи за време на ЗОИ 2014 е футуристичкиот автобус на руската Сбербанк, кој се движи низ олимпиското село. Тој брзо успеа да го сврти вниманието и да го добие името „олимписки“ автобус.
Всушност не станува збор за автобуст, туку претставники на популарната класа RV (Recreational Vehicle), или кажано поинаку куќа на тркала. Необичниот модел EleMMent е дело на австриската фирма Marchi Mobile. Негов творец е прочуениот дизајнер Луиџи Ремени. Неговата екстравагантна форма е само дел од неговиот „биодизајн“ стил, со кој тој тврди дека ова е модел кој гарантира заштеда и до 25% од потрошувачката на гориво.
„Олимпискиот автобус“ е всушност мобилна канцеларија на Сбербанк, еден од главните организатори и кредитори на Олимписките игри во Сочи и е опремен со големи екрани, таблети, акустичен систем и сателитска врска со интернет. Возилото овозможува канцеларијата да се движи на релација олимписко село-терени-игралишта, се разбира за потребите на банката.
По презентација во Олимписката престолнина на Русија, невообичаениот автобус ќе се упати на турнеја низ главните градови на Русија и одморалиштата на Европа под наслов „Иднината е прекрасна!“.