Новогодишното славење е во полн ек, но никој не би сакал да ја дочека
2008 со ужасен мамурлак. Затоа еве неколку решенија за утрата во кои се
будите со ужасна главоболка.
Новогодишното славење е во полн ек, но никој не би сакал да ја дочека 2008 со ужасен мамурлак. Затоа еве неколку решенија за утрата во кои се будите со ужасна главоболка.
1. По бурната ноќ проследена со многу алкохол, наместо веднаш да легнете во кревет, напијте се чаша млеко. Млекото ги спречува бубрезите да лачат урина, со што ви овозможува мирен сон, а воедно ве штити и од дехидрирање.
2. Кога ќе се разбудите, растворете една лажичка сода бикарбона во чаша вода. Главоболката предизвикана од киселините во вашиот стомак ќе исчезне.
3. Не го прескокнувајте појадокот. Подгответе си тост лепче намачкано со мед или пак чинија овесна каша со кафеав шеќер. Напијте се шолја кафе и свеж сок од портокал (богат извор на Ц витамин) и набрзо ќе почувствувате подобрување.
4. Во текот на денот напијте се чај од нане, зачинет со цимет, или едноставно подгответе си напиток од топла вода со лажичка цимет. Циметот ќе ви помогне да ги победите нападите на повраќање.
5. Пробајте да го смирите вашиот стомак со помош на акупресурата. Поставете ги показалецот, средниот и домалиот прст на вашата рака по права линија, така што домалиот прст ќе го поставите на почетокот на вашата дланка, а показалецот на средината на рачниот зглоб.
6. Изедете една банана, богата е со јаглехидрати кои го враќаат нивото на шеќерот во крвта во нормала. Бананите исто така содржат и потасиум, минерал кој се губи со конзумирањето поголеми количества алкохол.
7. Алкохолот носи големи количества крв во вашата глава, што придонесува да чувствувате мамурлак. Затоа легнете опуштено и нанесете ладна компреса на главата.
8. За да ја спречите дехидрацијата напијте се енергетски пијалак. А потоа излезете на свеж воздух и направете кратка прошетка.
9. Легнете на вашата десна страна. Звучи неверојатно, но со ова му помагате на вашиот дигестивен систем да работи нормално.
10. Веројатно многумина се обидуваат да го победат мамурлакот со пиење на мала доза алкохол, веднаш по будењето. Но ова не само што е привремено решение, туку може да ви предизвика и сериозни оштетувања на црниот дроб. Затоа едноставно вратете се во кревет, така ќе ја повратите загубената енергија. Појадувајте, направете кратка прошетка и повторно легнете.
По ова, спремни сте за нова бурна ноќ! 🙂