Човекот што не го гледаше финалето во ЛШ меѓу Барселона и Јувентус (а беше таму)

За фудбалските фанови, веројатно најголемиот сон е да присуствуваат на финале во Лигата на шампионите. Од друга страна, моќта на Марфи не е за потценување.

Па така, се случува најголемиот настан во клубскиот фудбал, сте се докачиле до билет и сте допатувале во Берлин, за да го гледате финалниот дуел на Барселона и Јувентус. Не сте фан ниту на едните ниту на другите, што само е гаранција дека ќе уживате во натпреварот, без оглед на резултатот. А како и да не уживате, кога пред вашите очи ќе продефилираат најдобрите играчи во светот. И тогаш, пристигнувате на своето место и сфаќате дека единственото нешто што ќе ви продефилира пред очите е еден дебел железен столб.

Отприлика вака се одвивало патешествието на германскиот новинар Филип Костер, кој непосредно пред почетокот на натпреварот го објави приложениот фото-доказ на Твитер.

Цените, инаку, беа поделени во 4 категории. Најдобрите места чинеа 390 евра, местата во втората категорија 280, а местата во третата категорија се продаваа за 160 евра. Најпристапните влезници за спектаклот чинеа „само“ 70 евра.

 

- Реклама -