Човекот што има 100 оргазми дневно

Токму така изгледа едно секојдневие на 37-годишниот Дејл Декер од Висконсин. Тој пати од таканеречениот PGAS (Persistent Genital Arousal Syndrome), што се карактеризира со голем број самопредизвикани и несакани оргазми.

Првите симптоми ги воочил по една повреда на ‘рбетот, а набрзо започнале и неповиканите оргазми. „Замислете дека сте на колена покрај гробот на својот татко и имате 9 оргазми, додека целото ваше семејство стои околу вас. Заради такво нешто посакувате никогаш повеќе да не доживеете оргазам. Во тоа нема ништо во што уживам, а иако чувството е добро, згадени сте од она што ви се случува“ – вака Дејл ја објаснува својата мака.

dale&wife

Се разбира, и неговото семејство страда заради неговото пореметување. „Навистина се бориме, бидејќи тој не може да работи и да се грижи за неговото семејство“, вели неговата сопруга. Но, проблемите не застануваат тука. Таа и Дејл имаат сериозни проблеми и во сексуалниот живот. Таа признава дека не прават ништо од она што требало да го прават еден маж и една жена, и дека заради тоа постојано се караат, дури и за ситници. Тоа што нападите се случуваат и за време на ноќта, двајцата се одлучиле да спијат во посебни кревети.

Man Who Suffers From 100 Orgasms A Day

Дејл и самиот е свесен дека пореметувањето го направило да е „бескорисен во креветот“ и дека потполно го уништило неговиот живот, особено сексуалниот. „Да си возбуден може да е прекрасно нешто, но ова не е возбуденост. Ова е страшен грч кој знае да биде и болен. Самоубиството е честа закана во ваквите случаи, бидејќи луѓето не знаат како поинаку да најдат спас“, заклучува Декер.

Среќлија? Не баш.

- Реклама -