Сè започна во далечната 1967 кога во Обединетите нации беше потпишан договорот во кој се вели дека ниедна влада на светот не може да ја прогласи Месечината (или кое било друго небеско тело) за своја сопственост…
Сè започна во далечната 1967 кога во Обединетите нации беше потпишандоговорот во кој се вели дека ниедна влада на светот не може да јапрогласи Месечината (или кое било друго небеско тело) за својасопственост.
Клучниот збор е влада. Имено, документот ниту во еден момент не предвиде дека ќе постојат поединци на кои вселената ќе им биде примамлива, па така оние кои го потпишаа направија сериозен пропуст во меѓународното право, пропуст кој на некои луѓе, како што е Dennis Hope, им беше повеќе од добредојден.
Господинот Хоуп во 1980 самиот себеси се прогласи за сопственик на сите планети (и нивните сателити) во Сончевиот систем, освен Земјата, и за тоа уредно ги информираше сите релевантни политички субјекти – ОН, САД, СССР, замолувајќи ги да му дадат до знаење доколку постојат некакви забелешки и проблеми од нивна страна.
Никој не се јави.
И така, агенцијата наречена „Lunar Embassy“, почна со работа. Господинот Хоуп истакнува дека цената на Месечината е исклучително поволна и изнесува 20 долари за американски хектар (acre = 4 046.85642 m2). Звучи идиотски? Кој би дал пари за ваква измама? Па, помеѓу другите и Том Круз, Харисон Форд, Роман Абрамович, Џорџ Буш, да споменеме само некои од нив. Колку заработи Хоуп? Речиси 10 милиони долари. Веќе не ви звучи толку идиотски, нели?