„Човекот и кучето“ – реклама што го насолзи светот

Дали можете да останете рамнодушни, откако ќе го погледнете овој краток рекламен филм?

Филмот е дел од кампањата на аргентинската Фондација за трансплантација на црн дроб. Фондацијата работи на тоа ги убеди луѓето во Аргентина за вредноста и важноста на донација. Идејата на видеото е да ги охрабри луѓето да ги донираат своите органи на пациенти кои имаат потреба од нив.

Главен лик во приказната е симпатично куче, милениче на неговиот сопственик – возрасен маж. Тоа го следи насекаде и ги споделува со него деновите, се додека еден ден мажот паѓа болен.

Тој е пренесен во болница, поради остри болки во главата. Пред зградата на болницата најверниот пријател – кучето, го чека да излезе жив и здрав со денови, на дождот. Еден ден вратата на болницата се отвора и од неа излегува млада жена која штотуку преживеала операција. Кучето го препознава во неа својот сопственик.

Текстовите во Адвертајзинг се поддржани од Via Marketing.

- Реклама -