За првпат, еден пациент заразен со ХИВ вирусот е прогласен за излечен. Околностите под кои Тимоти Реј Браун го преживеал тешкиот третман се малку необични, меѓутоа со овој случај се отвораат нови можности за лекување на неизлечивата болест.
Браун, кој има 41 година, пред само три години стравувал за својот живот поради дијагнозата – леукемија. Поради тоа, бил подложен на хемотерапија, која сосема му го уништила имунолошкиот систем.
Заразата со ХИВ била ставена во втор план, затоа што истата веќе подолго време се смета за болест која може да се контролира со правилна терапија. Начинот на кој е искоренет вирусот може да се каже дека е нус појава на третманот со пресадување матични клетки, што Браун го доби во една болница во Берлин.
Донорот на коскената срж имал специфична генетска мутација, што го прави речиси имун на ХИВ. Откако пациентот ја преживеал операцијата што не ја преживуваат речиси третина од сите пациенти, здравата коскена срж што ја добил му го обновила имунолошкиот систем. Браун бил надгледуван некое време, за докторите да бидат сигурни во наодот кој гласи – Тимоти Реј Браун е излечен од ХИВ.