Чинија на IKEA му го запалила грозјето

Зезнат е денешниот свет. Не можеш да ѝ веруваш ниту на металната чинија за сервирање овошје.

Можно ли е да ѝ се суди на метална чинија за сервирање? Не, ама можеби треба да размислиме на темата, сугерира срцепарателната сторија на Ричард Валтер – до скоро безгрижен Швеѓанец кому „Blanda Blank“ му запали неколку грозда, од чиста мира и без никаков повод.

Се случило минатиот викенд, кога Шведска ја зафати релативно топло време. Валтер седел во двор и јадел грозје. Вели дека му замирисало на нешто печено. Мислел дека тоа комшијата прави скара. Но тогаш го спуштил погледот и… право чудо… го видел своето грозје во пламен.

„Како е ова можно, помислив. Потоа видов дека на гранчето има вжарено место каде што грее сонцето, и сфатив дека тука избил пожарот“, раскажа Швеѓанецот.

Ако сте гледале видеа за преживување (или ви одела физика во основно), знаете дека можете да запалите оган со конкавно (вдлабнато) огледало. А чинијата на IKEA очигледно може да произведе сличен ефект. Отсјајот на сонцето од металната површина на Blanda Blank очигледно бил доволно фокусиран за да го запали гроздот што го делкал Валтер.

За да докаже, Валтер направи мал експеримент во кој пали хартија без ќибрит, само со помош на чинијата. Експериментот е и снимен.

Од IKEA изјавија дека ќе спроведат истрага и ќе ја тестираат чинијата.

 

- Реклама -