Честитка од Заев до Санчез за формираната влада: Се радуваме што наскоро стануваме сојузник во НАТО

Лидерот на СДСМ – Зоран Заев, му испрати честитки на шпанскиот премиер Педро Санчез, откако денеска лидерот на социјалистите доби поддршка од шпанскиот парламент за формирање на кoaлициска влада, со што се става крај на политичката кpиза која траеше речиси една година.

Токму од формирањето на влада на Шпанија зависи и полноправното, односно формалното членство на земјава во НАТО, бидејќи пристапниот протокол го ратификуваа сите земји членки освен Шпанија.

Ова го посочи и Заев во честитката до Санчез преку Твитер:

„Честитки за Санчез за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа.

Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО. 🇲🇰🇪🇸 “, напиша Заев на македонски, англиски и шпански.

 

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема
- Реклама -