5 чести причини за депресија

Има неколку добро познати причини за депресија: траума, тага, финансиски проблеми и невработеност се само неколку. Но ако се чувствувате депримирано и покрај отсуството на некој од овие услови тогаш би можело да биде потешко да се отркие причината.

Замор

Не е изненадување дека недостигот на спиење може да предизвика надразливост, но истата причина би можела да биде и ризик за депресија. Студија од 2007 година покажала дека кога на здрави учесници им било забрането спиење тие демонстрирале зголемена мозочна активност по гледање на тажни слики, споредено со одморените учесници, иста реакција како и кај пациенти кои страдаат од депресија.

Пушење

Познато е дека никотинот влијае врз активноста на нервротрансмитерите во мозокот со што се создаваат повисоки нивоа на допамин и серотонин. Ова ја објаснува зависноста создадена од хемикалијата и промените во расположението поврзани со откажувањето. Избегнувањето на цигари ќе помогне во зачувување на хемиската рамнотежа во мозокот.

Премногу Facebook

Во студија од 2010 истражувачите откриле дека околу 1,2 проценти од луѓето на возраст помеѓу 16 и 51 година поминувале премногу време на интернет и имале зголемена појава на средна до силна депресија. Но истражувачите забележале и дека не е јасно дали претераното користење на интернет води кон депресија или дали депремираните луѓе поминуваат повеќе време на интернет.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Завршување на ТВ серија или филм

Кога ќе заврши нешто важно, како ТВ серија, филм или голема реновација на домот, може да води до депресија кај некои луѓе. Во 2009 година фанови на “Avatar”  рекле дека се чувствуваат депримирано па дури и размислуваат за самоубиство бидејќи Пандора не е вистинско место.

Место на живеење

Стапките на депресија варираат од една до друга држава. Некои држави имаат повисоки стапки на депресија и побогатите земји најчесто имаат повисоки стапки од сиромашните. Дури и надморската височина би можела да има влијание бидејќи ризикот од самоубиство расте со надморската височина.

- Реклама -