Едно од најефикасните природни средства против стрии е бадемовото масло, бидејќи тоа е исклучително богато со витамин E. Освен тоа, тоа многу брзо се апсорбира од кожата, без да остава мрсни траги. Применувајте го преку масажа на погодените области и наскоро ќе забележите резултати – стриите ќе започнат да исчезнуваат и нема да бидат толку воочливи.
Уште нешто што е многу важно за да го добиете саканиот ефект – штипкајте ја кожата. За да не се растегнува кожата дополнително, избегнувајте да ја триете, туку нежно штипкајте ја, додека не почувствувате пецкање и црвенило. Штипкањето треба да се применува без разлика каква масажа или масло користите. Ако бидете редовни, по само еден месец ќе воочите подобрувања.