Calypso – концепт за спортски автомобил на Апостол Тноковски

Повеќе...Апостол Тноковски, дизајнерот од Македонија, кој веќе ни е добро познат по своите иновативни дизајни, има нов концепт – овојпат за спортски автомобил, кој деновиве го привлече вниманието на еден од популарните сајтови за футуристички дизајн. Направивме кратко интервју за подобро да го запознаеме овој млад дизајнер, а истото можете да гопрочитате на следната страна.

apostol_tnokovski_photo.jpgАпостол Тноковски, дизајнерот од Македонија, кој веќе ни е добро познат по своите иновативни дизајни, има нов концепт – овојпат за спортски автомобил, кој го привлече вниманието на еден од популарните сајтови за футуристички дизајнта (статија). Ние го запрашавме неколку прашања за подобро да го запознаеме овој дизајнер (благодарност до него за издвоеното време).

Најпрво кој е Апостол Тноковски?
Од Скопје сум, имам 26 години. Апсолвент на факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје, отсек графички дизајн. Континуирано учествувам на  интернационални натпревари од областа на индустриски дизајн и во иднина планирам во оваа област да го продолжам моето образование. До сега немам реализирано некој проект, но искрено се надевам дека во иднина ќе се случи тоа. Како најголем успех до сега го сметам пласманот во 80-те најдобри на натпреварот за нова генерација на компјутери, организиран од Microsoft, со мојот концепт “E-Ball”, кој по завршувањето на натпреварот беше објавен на многу светски познати сајтови за нови технологии, а меѓу нив и на сајтот на познатиот ТВ канал занаучна фантастика “SCI-FI” (тука можете да ја прочитате и статијата која излезе на нашиот сајт).

Твојот најнов концепт е за спортски автомобил. Кажи ни нешто повеќе околу неговиот дизајн и инспирацијата?
Ова спортско купе се одликува со остри и агресивни црти и со доста прочистен дизајн. Инспирацијата за овој автомобил е земена од морскиот свет, поточно од ајкулите.

calypso1.jpg

Кај овој автомобил, иновација се ретровизорите кои излегуваат од предниот дел на автомобилот и се во линија со предницата. Со ова сметам дека би се добило на поголема аеродинамичност, но во исто време и многу моќен,  агресивен и невообичаен  изглед на автомобилот.

calypso2.jpg

Ни кажа дека континуирано учествуваш на интернационални натпревари. Дали можеш да ни наброиш дел од нив?
Microsoft next gen PC design competition 2007 – со концептoт “E-ball”
Electrolux design lab 2006 “Fast healthy food” – апарат за приготвување здрава супа 2007 “Eco dishwasher” – машина за миење садови која работи на отпадни води и која сама си создава енергија 2008 “.COOK” – кујнски компјутер кој се користи за размена на видео рецепти помеѓу корисници од целиот свет
Osaka Robot design competition 2006 – со концепт на робот за автоматски транспорт на деца
Peugeot car design competition 2006 – со 2 концепти “Duke”  и “Vitrage” 2008 – со 2 концепти “Angel”  и “Nibiru”
Asics footwear design competition 2007 –  со 3 концепти (element, gen2000, dj’s)
New bus for London design competition 2008 – во конкуренција на елементи на автобусот со концептот “Bag holder” 

calypso3.jpg
{youtube}ITpCJts0–Q{/youtube}

Претходни концепти на Апостол за кои пишувавме на нашиот сајт:
Округол компјутер  E-ball
Иновативен дизајн на лампа –  Eye Lamp
Апостол Тнoковски на Deviantart
- Реклама -