Cadillac Sixteen треба да биде еден од најголемите адути на фестивалот Amelia Island Concours d’Elegance, кој ќе се одржи во март оваа година.
Моделот Sixteen ќе ја предводи листата на десетте концептни возила, што компанијата Cadillac ги одредила како најуспешни во историјата. Всушност тоа се прототип возила создадени во периодот од 1949 до 2003 година. За прв пат концептот Cadillac Sixteen беше претставен пред десет години, во 2003-та, за време на автомобилскиот салон во Детроит. Многу од деталите за него се направени од различни луѓе. Поточно на него работеле голем број експерти, кои специјално биле одбрани за да го создадат Sixteen, по избор на конкурс. Сите тие имале за цел да создадат заедничка визија која ја имал раководителот на проектот Вејн Шерил – поранешен потпретседател на GM Design.
Концептот располага со шеснаесетцилиндерски мотор кој е со работна зафатнина од 13,6 литри. Моќта на моторот е над 1.000 коњски сили кои се доволно да го движат беспрекорно, 2.3 тони тешкото возило. Огромниот мотор поседува модерен систем за заштеда на гориво, наречен Active Fuel Management, познат под минатото под името Displacement on Demand. Овој систем ја регулира работата на моторот на 4, 8 или 12 цилинри, со цел минимална потрошувачка на гориво.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.