Бујар Османи утре за првпат седнува на масата на НАТО, попат ќе лобира за пописот

Министерот за надворешни работи – Бујар Османи, како што самиот се пофали на Фејсбук, утре ќе присуства на историска посета на Брисел.

Имено, Северна Македонија за првпат со физичко присуство ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Како што најавува Османи во обраќањето од авион, тој ќе го искористи денот за да се сретне и со наши граѓани и здруженија од дијаспората. Според него, бројката од 100 илјади самопопишани е вредна за пофалба.

„Нашата работа дава резултати, затоа ние продолжуваме понатаму“, порачува шефот на македонската дипломатија.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
- Реклама -