Компанијата Bugatti подготвува нова верзија на Veyron, која ќе има моќност од 1600 коњски сили. Машината ќе биде прикажана на салонот во Франкфурт следната година. Најмоќниот Bugatti ќе добие верзија на 8 литарски мотор W16 со 4 турбини, или нова верзија на овој агрегат, која ќе биде со зафатнина 9,6 литри. Се очекува од 0 до 100 km/h оваа модификација да забрзува за 1,8 секунди. Максималната брзина на возилото ќе биде 460 km/h.
За споредба, Bugatti Veyron Super Sport со моќност од 1.200 КС забрзува од 0 до 100 km/h за 2,5 секунди, а максималната брзина му е 415 km/h (електронски ограничена). Кај новата модификација инженерите на компанијата ќе ја намалат тежината на возилото за околу 250 килограми, па новата верзија ќе тежи 1.600 кг. Се очекува нејзината цена во САД да надмине 2,5 милиони долари.
Објавено во соработка со Авто Плус.