Bugatti со шест специјални верзии на Veyron Grand Sport Vitesse

Компанијата Bugatti ќе лансира шест посебни модификации на хиперавтомобилот Veyron Grand Sport Vitesse, од кои секоја ќе биде посветена на одредена личност, која одигра важна улога во 104-годишната историја на марката.

Производителот планира да покажува по една верзија на секои два месеци.

991_Bugatti-Veyron-Grand-Sport-Vitesse-470-1

Првата варијанта е создадена во чест на францускиот автомобилски тркач Жан-Пјер Вимил, кој зад воланот на Bugatti освоил две победи на 24 часа Ле Ман. Прв пат пилотот триумфираше во 1937 година со моделот 57G Tank, а негов совозач беше Роберт Беноа. Втората титула била освоена во 1939 година со Bugatti 57C Tank, кога му „помагал“ Пјер Вејрон, по кого е наречена современата изведба на брендот. Вимил загинал во сообраќајна несреќа во 1949 година. Специјалната модификација на Veyron е направена во стилот на возилото, кое било најдобро на 24 часа Ле Ман во 1937 година. Креацијата е обоена во истите бои, а на нејзиниот заден спојлер е насликана шемата на патеката на која се одржува легендарната трка.

Технички ѕверката не е променета. Таа се потпира на 8,0-литарски W16 мотор со четири турбини и моќ од 1200 КЅ и 1500 Nm вртежен момент. До стотка машината забрзува за 2,6 секунди.

Специјалната верзија Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse посветена на Жан-Пјер Вимил ќе биде со серија од три возила, а цената засега е дел од мистеријата.

Текстот е објавен во соработка на АвтоПлус

- Реклама -