Компанијата Бугати соопшти дека продолжува работата на проектот чиј развој беше сопрен пред некое време, со име Galibier. Минатиот септември се прекина работата на овој проект поради, како што изјавија од компанијата, целосна доработка.
Според шефот на компанијата Волфганг Дрхајмер, развој на моделот веќе оди со полна сила. „Galibier ќе стане најубавиот автомобил со четири врати во светот, а истовремено ќе биде и најбрза машина во оваа класа“, категоричен е Дорхајмер. „Сигурно моќноста на моторот ќе биде над 1.000 коња “.
Од она што беше најавено, барем според експертите, значи дека Galibier ќе добие 8 литарски W16, кој се вградува и во Veyron. Се очекува на моќноста на моторот да биде околу 1.400 КС, а максималната брзина на возилото ќе достигне 376 km/h.
Работата врз Galibier беше стопирана по барање на Дорхајмер кој беше, меѓу другото, незадоволен и од моќноста на моторот, како и од удобноста и просторот во самиот автомобил. Сериозно ќе биде преработен и дизајнот и ќе биде олеснет пристапот до задниот ред седишта.
Прототипот Bugatti Galibier дебитираше на салонот во Женева во 2010 година. Тогаш прикажаниот концептен автомобил располагаше со дефорсиран W16 мотор од 1.001 на 800 КС.
Објавено во соработка со Авто Плус.