Home 365 Денес Бугарија на дното во ЕУ по приходи по глава на жител, Луксембург на врвот

Бугарија на дното во ЕУ по приходи по глава на жител, Луксембург на врвот

0
Бугарија на дното во ЕУ по приходи по глава на жител, Луксембург на врвот

Бугарија е на последно место по просечен годишен приход по човек во Европската унија, а Унгарија е едно место над таа држава, јавија бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Евростат.

Бугарија е на дното на рангирањето – за 12 месеци работникот во таа држава добива во просек по 10.300 евра.

Просечниот годишен приход по лице во Европската унија за 2021 година е околу 33.000 евра. Лидер во рангирањето е Луксембург, каде просечниот годишен приход е 72 илјади евра. Првата тројка ја комплетираат Данска – 63.000 евра и Ирска – 50.000 евра годишен приход.

Романија е пред Унгарија по овој показател. Во Романија приходите од плати годишно се во просек по 13 илјади евра, а во Унгарија – 12.600 евра.

Според Евростат, останатите цифри се – Полска (14.431 евра), Грција (15.879 евра), Словачка (16.162 евра) и Хрватска (16.169 евра).

МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here