Home УмниБус Здравје Брзата храна создава зависност како хероинот?

Брзата храна создава зависност како хероинот?

0

plastic-fast-food-toysНикој не сака да му кажат дека е зависник – зборот е често поврзуван со дроги, неконтролирани однесувања и интервенции. Во поново време, на ова може да додадете чипс, колачиња, сладолед, како и чоколадо. Чудно?

fastfoodНикој не сака да му кажат дека е зависник – зборот е често поврзуван со дроги, неконтролирани однесувања и интервенции. Во поново време, на ова може да додадете чипс, колачиња, сладолед, како и чоколадо. Чудно?

Ново истражување тврди дека јадењето брза храна може да создаде зависност која може да се мери со онаа на зависник од кокаин или хероин.

Студијата беше изведена од Scripps Research Institute, следејќи ги бихевиористичките шеми на лабораториските стаорци на кои им биле давани неограничени количини брза храна. Со време, стаорците имале помалку сензитивност во центарот за задоволство на мозокот, па морале да ја зголемуваат количината на храна со многу масти и калории, за да го постигнат „хајот“. Не зачудува фактот што тие станале и многу дебели, двојно зголемувајќи ја својата тежина.

За да видат колку се зависни од храната, научниците решиле да ги казнат стаорците со електронски шок секогаш кога ќе пробаат фастфуд. Стаорците кои јаделе брза храна во последните 5 дена, џвакале и покрај електронските шокови, додека оние кои не биле изложени на шокови брзо престанале.

Но, можеби најинтересен е делот кога стаорците биле лишени од брза храна. Наместо да ја јадат здравата храна која им била понудена како замена, не јаделе со недели. На крајот, научниците заклучиле дека мозокот реагира на брза храна како што реагира и на дрогите.

Очигледно стаорците не се луѓе, па затоа ова истражување е екстремно за да се предвиди ефектот кај човекот и неговата диета. Сепак, стравот дека преку диета полна со масна храна и калории, една личност може трајно да го промени својот однос кон храна е присутен, па затоа внимавајте што внесувате во вашето тело. [Junk food turns rats into addicts]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here