Фудбалерот на Интер – Марцело Брозовиќ, на натпреварот од Лигата на шампионите одигран на Камп Ноу против Барселона, покажа уникатна и необична техника на блокирање на противнички слободни удари.
При водство на домашните од 1:0, Каталонците имаа слободен удар. Суарез се намести и се обиде да го измами голманот шутирајќи под живиот ѕид, но Брозовиќ како да го очекуваше таквиот потег, па буквално легна зад своите соиграчи додека овие скокаа. Неговата елегантна блокада го запре ударот на Суарез, а го изненади дури и Меси, кој поради повреда го гледаше натпреварот од трибините.
Барса, патем, на крајот сепак го совлада Интер со 2:0.