Секој родител се грижи за здравјето на своите деца. Но пред да барате помош од лекар, бидете сигурни дека се работи за нешто сериозно, а не само обично закашлување поради прашина. Еве неколку бројки кои мора да ги запамтите за да знаете дали вашите најблиски се здрави или не.
Секој родител се грижи за здравјето на своите деца. Но пред да барате помош од лекар, бидете сигурни дека се работи за нешто сериозно, а не само обично закашлување поради прашина. Еве неколку бројки кои мора да ги запамтите за да знаете дали вашите најблиски се здрави или не.
37,5 степени целзиусови – температурата на усната празнина која докторите ја класифицираат како треска
Кога вашето дете има температура, тоа е знак дека неговото тело се бори против некаква инфекција. Температурата на телото се покачува бидејќи најголемиот дел од бактерии не функционираат како што треба кога е жешко. Исто така, имунитетот работи подобро на повисока температура. Ако вашето дете има температура од 37,5 степени целзиусови, тогаш тоа е треска, што значи дека треба да му давате многу течности и соодветна доза на детски аналгетик. Но, во случај температурата да е над 39 и тоа трае повеќе од 3 до 4 дена; или се работи за висока температура кај деца помлади од 6 недели задолжително мора да го посетите лекарот.
5 – максимална дозволена количина шеќер (кафени лажички) во исхраната на мали деца
Шеќерот ќе ги оштети забите на вашите деца, но пострашната закана е во тенденцијата на шеќерот да го зазема местото на поздравата храна. Тоа, како и сѐ почестото дебелеење кај децата и појавата на тип 2 дијабетeс, значи дека мудро би било да се контролира конзумацијата на шеќер. Количината која би сакале да ја постигнете е 12 до 20 грама (3 до 5 кафени лажички) дневно за сите деца без разлика на возраста.
7 – bројот на семејни оброци неделно
Да, и тоа е важно за здравјето на вашето дете. Научниците имаат пронајдено врска помеѓу семејните оброци и намалениот ризик од пореметувања во исхраната, употреба на алкохол и дроги, како и ризикот од дебелеење кај мали деца и тинејџери. Но, нема само децата да имаат корист доколку заедно ручате. Семејните оброци имаат корисни страни и за возрасните, како подобрено ментално и физичко здравје и зголемено задоволство од животот.
12 – просечен број часови сон кои му се потребни на мало дете
Новороденчињата спијат во просек по 16 часа дневно, а на малите деца им требаат околу 12 часа спиење навечер, плус околу еден час преку ден. Додека да започне со одење во градинка, на вашето дете најверојатно ќе му бидат доволни околу десет часа сон. Ако има недостиг на сон, може да дојде до промени во однесувањето кон полошо. Ова се случува поради тоа што нивните хиперактивни мозоци и тела не се доволно „наполнети“. Во студија, која опфатила 510 деца од претшколска возраст, било откриено дека оние деца кои спиеле помалку од десет часа во едно деноноќие биле понемирни.
1 година – возраста на која вашето дете би требало да го каже првиот збор
Се разбира дека кога се зборува за говор кај бебиња не постои некоја норма, но најголемиот дел од бебињата почнуваат да кажуваат нешто (најчесто „Мама“) помеѓу 9 и 12 месеци. До 18 месеци имаат научено околу 15 до 20 зборови, а до две годишна возраст повеќето веќе имаат изградено речник од 50-270 зборови. Но, мора да запомнете дека ова се само груби примери и дека секое дете е уникатно во неговиот развој. Не мора да значи дека детето кое знае повеќе зборови е попаметно од она кое знае помалку, тоа само значи дека детето кое знае повеќе зборови е подобро во таа област, во тоа време. Еден совет за поттикнување говор – читајте му на вашето дете секој ден.