Британската марка Ultima Sports ја покажа својата линија Ultima Evolution, која вклучува купе и кабриолет.
Моделот се јавува како наследник на досегашните Ultima GTR и Ultima Can-Am, а компанијата пријави дека биле направени голем број на подобрувања
Моторот кој се грижи за погонот е дело на Chevrolet и има 8 цилиндри. Интересно е дека клиентите можат да изберат помеѓу 15 различни капацитети, почнувајќи од 350 КЅ па се до 1020 КЅ. Најмоќна верзија ќе забрзува до 98 km/h (60 милји/час) за само 2,3 секунди.
Машината со тежина од 950 килограми ќе има LED светла напред и назад, 19-инчни тркала, индивидуално регулирана суспензија, клима уред, систем за навигација, камера за паркирање и друго.