Брисел ја финализира рамката за преговори за Украина и Молдавија со ЕУ

Европската комисија соопшти дека на земјите-членки им предложила рамки за пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Лидерите на Европската унија во декември се согласија да ги отворат преговорите за членство со Киев, што претставува историски потег речиси две години по руската војна против таа дрѓава. Тие, исто така, се согласија во исто време да започнат разговори со нејзиниот сосед Молдавија.

За ЕУ и земјите-кандидатки навистина да ги започнат разговорите, извршната власт на блокот треба да подготви рамка, која сега мора да биде одобрена од сите 27 земји-членки на ЕУ.

„Преговарачките рамки ги утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори со секоја земја-кандидат“, соопшти комисијата.

„Сега е на Советот (земјите-членки на ЕУ) да ги започнат своите внатрешни разгледувања за тие текстови“.

Прочитајте и:  Франција најави испраќање борбени авиони „Мираж 2000“ во Украина следната година

Комисијата беше принудена да забрза откако нејзината шефица Урсула фон дер Лајен минатиот месец ги вознемири Киев и неговите најсилни поддржувачи во ЕУ велејќи дека рамката за разговори нема да биде изнесена до изборите за Европскиот парламент во јуни.

- Реклама -