Breaking Apple: Брајан Кренстон раскажува за iPad Air

Големата ѕвезда од серијата Breaking Bad актерот Брајан Кренстон по пет години ја заврши серијата и приказната за нарко дилерот/професор по хемија Волтер Вајт, но сега добива нова улога во рекламата за таблетот iPad Air.

Ова е инаку првата телевизиска реклама за неодамна претставениот iPad Air во која Брајан Кренстон го позајмува само гласот раскажувајќи како моливот одиграл важна улога во промената на светот, но сега корисниците имаат нов изум со кој може исто така да создаваат фантастични дела.

Рекламата за iPad Air потсетува на препознатливите реклами на Apple со инспиративна содржина и едноставно прикажување на новиот производ. Се надеваме дека соработката меѓу одличниот Брајан Кренстон ќе продолжи и во иднина со нови реклами, а во меѓувреме погледнете ја првата реклама за iPad Air.

[youtube]http://youtu.be/o9gLqh8tmPA[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -