Доколку Британците се надеваа на успех на нивната фудбалска репрезентација на ОИ во Лондон, Бразилците се погрижија експресно да ги спуштат на земја домаќините на овој спортски спектакл.
Во пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот „Риверсајд“ во Мидлзборо, Бразилците ја демонстрираа сета своја фудбалска моќ и сосема заслужено стигнаа до триумф од 2:0.
{youtube}joWYO-iG0OQ{/youtube}
Сандро и Нејмар (од пенал) беа стрелци на головите за „Кариоките“, за чија доминација најдобро говори фактот дека упатија дури 20 удари кон противничкиот гол, наспроти само пет на Британците.