Премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега утрово оствариле телефонски разговор. Како што споделија на Фејсбук, Борисов му го честитал на Заев реизборот за претседател на СДСМ, а Заев му посакал успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија.
Тема на разговор биле и билатералните односи и Договорот за добрососедство.
Според Борисов, двајцата се согласиле дека решенијата кои и двете држави треба да ги преземат во духот на Договорот, не треба да бидат одложувани, како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина.
Според Заев, двајцата се согласиле дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу двете земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство. Заев и Борисов заеднички заклучиле и дека двете страни треба што поскоро да дојдат до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите и дека во минатото на нашите две земји има основа врз која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ.