Борел бара ЕУ да се се откаже од принципот на едногласност

Брисел, 27 јуни 2022 (МИА) – Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ треба да се откаже од принципот на едногласност, што ја спречува да носи важни одлуки откако проширувањето се врати на дневниот ред на Унијата.

Тој напиша авторски текст за резултатите од минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ, јавува Анадолија.

„Како што го поттикнуваме проширувањето на ЕУ, така треба да направиме сличен напор за реформирање на ЕУ и нашето одлучување. Затоа што проширената ЕУ треба да може полесно да дејствува. Тоа значи и стеснување на опсегот на правилата за консензус во надворешната политика и другите области и донесување повеќе одлуки со квалификувано мнозинство“, напиша Борел.

Борел истакна дека на ЕУ ѝ требаше еден месец за да го прифати шестиот пакет санкции против Русија на крајот на мај, но некои од точките договорени во Советот (како што е санкцијата за патријархот Кирил на Руската православна црква) не можеа да се рефлектираат во финалниот пакет.

„Искусивме слична динамика во почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, при што една земја (Бугарија) блокираше одлука што сите други би можеле да ја прифатат“, рече Борел.

Борел посочи дека системот на едногласност има негативни последици за кредибилитетот и ефикасноста на ЕУ.

- Реклама -