Бирањето на совршената боја за коса и не е баш така едноставно. Бојата на кожа, очи, како и природната боја на коса играат голема улога во тоа дали некоја нијанса ќе ви одговара или не. Еве како да откриете која боја на коса е совршена за вас.
Најдобро ќе изгледате како бринета ако:
Моментно имате светлокафена боја на коса и на вашата природна боја и недостасува живост и сјај за да биде побогата.
Доколку сакате нешто што не е многу тешко за одржување. Освен ако вашата природна боја на коса не е светла, кафената коса е многу лесна за одржување, и шансите да погрешите со боите за фарбање дома се многу помали отколку со русите или црвените нијанси.
Вашата коса е оштетена и безживотно пажа. Темната коса најдобро ја рефлектира светлината и ги покрива оштетените прамени.
Совети за бринети
Кафените нијанси треба да одговараат на фризурата. Одберете потемна, еднобојна нијанса ако имате долга и рамно шишана коса. Ако, пак, имате пократка или степенасто шишана коса, краевите нека бидат посветли или направете нијансирани прамени за да ја истакнете текстурата на фризурата.
Една од најчестите грешки при домашното фарбање е смесата за коса која со тек на време добива портокалов сјај. Тоа е резултат на користење на многу топли нијанси. Комбинирајте бои со златен сјај со неутрални нијанси и измешајте ги пред да се фарбате.
Ако е возможно останете подалеку од лакот за коса, затоа што тој го уништува сјајот на кафената коса. Ако мора да нанесувате лак, тогаш на косата паралелно нанесете и спреј за сјај.
Најдобро ќе изгледате како црвенокоса ако:
Бојата на вашата кожа има розов сјај. Секоја жена може носи одредена црвена нијанса, но жените со розов тен најдобро ќе изгледаат со црвена коса, додека оние со маслинест тен најтешко ќе ја пронајдат својата црвена нијанса.
Не сте срамежливи. Црвената боја привлекува внимание, па мора да имате доволно самодоверба за да се справите со сите погледи.
Косата ви е во релативно добра состојба. Ако имате сува или оштетена коса, тешко ќе ги прифати молекулите црвена боја на себе.
Не ви е проблем редовно да се фарбате. Пораснатата црвена коса е мошне воочлива.
Совети за црвенокоси
Мијте ја косата што поретко можете. Идеално би било два пати неделно, или секој втор ден ако косата ви е мрсна. Мијте ја со млака, а никогаш со жешка вода.
Избегнувајте јаки шампон. Повеќето шампони со кои се третира првутот се „тешки“ за бојадисана коса, а кај црвената коса ќе го убрза процесот на обелување.
Побарајте помош. Консултирајте се со фризер за совет околу производите со кои ќе ја негувате бојата, и како да ја направите долготрајно интензивна и сјајна.
Заштитете се. Црвената коса оксидира побрзо од било која друга боја, па доколку планирате да поминувате повеќе време на отворено, заштитете ја косата со производи кои користат УВ-филтери.
Најдобро ќе изгледате како русокоса ако:
Кога сте биле мали сте имале светла коса. Во тој случај, веројатно имате тен кој ќе му одговара на русата коса.
Ако може да си дозволите редовно одржување на косата. Како и со црвената коса, да бидете руса не е евтино. Мора да ја одржувате со редовни посети на фризер и одлични производи за коса.
Совети за русокоси
Ако сами ја фарбате косата, определете се за ладни и неутрални тонови, наместо топли и златни или нијанси на медова боја. Доколку, сепак, се одлучите за потопли тонови, постои ризик косата да ви добие портокалово-златен сјај.
Избегнувајте производи кои содржат алкохол. Русокосите често имаат сува и безживотна коса, а користењето производи кои содржат висок процент на алкохол, како лакови, пена или гелови за коса, може само да ја влошат состојбата на косата.
Сигурно ќе дојдете во ситуација кога нема да можете да посетите фризер. Наместо да се шетате со израснат корен, обидете се со овој трик: купете пепел-руса боја за коса и внимателно со четкичка нанесете само на коренот и оставете да делува три минути. Ова лесно ќе го осветли израстокот, а вие ќе добиете на време додека да отидете во фризерски салон. [Koja boja kose vam najbolje odgovara?]