Во чест на едновековното постоење BMW пушта супер луксузна верзија на својот најпрестижен модел. Од ограничената серија THE NEXT 100 YEARS ќе бидат произведени точно 100 примероци.
Секој клиент ќе може сам да си ја „спакува“ јубилејната едиција, како со опрема, така и со моторизацијата. Меѓу можните варијанти за погон се хибридните 740Le iPerformance и 740Le xDrive iPerformance (2,0 литри, 322 КЅ), бензинските 750Li и 750Li xDrive (4.4 литри, 444 КЅ) и 12-цилиндарскиот M760Li xDrive (6.6 литри, 592 КЅ).
Секоја од уникатните „седумки“ ќе биде обоена во посебна сина металик боја и ќе се препознава лесно по 20-инчните фелни, ексклузивен распоред на ентериерот, со бела кожа и специјалните амблеми на одредени места и каросеријата. Купувачите на лимузината ќе добиваат како подарок златно пенкало Montblanc.
Во опремата на автомобилите од серијата THE NEXT 100 YEARS ќе се нудат ласерски светла, аудио Bowers&Wilkins, вентилирани седишта со масажа и куп други задоволства, за кои ќе треба да се одвојат сериозни суми.