Инженерите од BMW развиваат нова трансмисија, која ќе биде поврзана со навигацијата на возилото.
Благодарание на посебен контролен регулатор ќе му се сугерира на менувачот најсоодветна брзина во која ќе се движи возилото. Електронскиот уред ќе зема во предвид неколку параметри, дали се вози по или против стрмнини, радиус на свиокот, ограничување на брзината на даден правец… и ќе ги пренесува сите информации на автоматскиот менувач.
Тој од своја страна ќе одбира оптимална брзина, во која треба да се префрли. Сето тоа ќе доведе до максимална заштеда на гориво. Новитетот ќе го носи името “интелектуално управување со силата”, а ќе ја користи навигацијата и сензори, монтирани на предниот дел од возилото. Се очекува “паметната” трансмисија за прв пат да биде вградена на хибридните модели на BMW.
Освен тоа инженерите работат и на систем за греење на возилото врз база на инфрацрвени зраци. Според замисла на техничарите, панелите, кои ќе емитуваат енергијата, ќе бидат поставени во вратите и под нозете на патниците. За разлика од сегашните системи за греење, новиот ќе биде целосно тивок, бидејќи не користи воздух и вентилатори. Тој ќе овозможи возилото да се загрева за една минута.
Во BMW сметаат дека ова греење може да биде особено ефикасно кај хибридните и електричните возила на брендот. Тоа ќе им овозможи зачувување на енергијата и на тој начин ќе се зголеми автономијата за околу 30%.
Објавено во соработка со Авто Плус.