BMW M4 e многу побрз од својот претходник

Баварската купе изведба со индекс M4, оствари извонреден резултат на патеката во Нирбургринг – 7.52 минути. Интересно е дека овој резултат е подобар за цели 13 секунди од врвното достигнување на претходникот M3 купе.

BMW M4 е опремен со шестцилиндерски турбодвигател и располага со максимална моќност од 431 КЅ. Возилото може да се опреми со шест-брзински рачен менувач, а и со седумстепена автоматска трансмисија. Тестната изведба беше мануелен менувач. Првите 100 километри на час новото купе ги достигнува за 4,1 секунди – индикатор, подобар од оној на неговиот претходник за 0,5 секунди. Максималната брзина пак е ограничена електронски на 250 km/h, но како опција се нуди и поголема од 280 km/h.

 

- Реклама -