BMW ќе покаже нов концепт на крајот на овој месец на салонот во Лос Анџелес. Автомобилот ќе го носи името i4 и ќе биде изграден врз основа на претходниот концепт од еколошката серија – i3.
Разликата ќе биде најмногу во фактот дека новата изведба ќе изгледа далеку поспортски и пограциозно. Таа ќе биде со две врати, а во неа ќе има само две седишта. Како и другите два модели од линијата – i3 и i8, каросеријата на новиот ќе биде целосно од композитни материјали.
Се очекува i4 да смета на plug-in систем кој се поставува на i3. Станува збор за електричен мотор со моќност од 170 КЅ и вртежен момент од 250 Nm. Тој ги задвижува задните тркала, благодарение на трансмисија со еден степен. Засега нема никакви информации дали BMW i4 ќе се појави во сериско производство.