BMW ќе прави автомобили со посебна интелигенција

Наскоро по улиците ќе видиме автомобили со посебна интелигенција, кои не само што ќе се карактеризираат со својата посебна управливост, туку ќе ги препознаваат емоциите на возачот и патниците“, најави генералниот директор на BMW, Харалд Кругер, цитиран од Automotive News.

Топ-менаџерот се состана со претставниците на медиумите во изложбениот центар BMW World лоциран во штабот на компанијата во Минхен. Во нив тој ги откри очекувањата за развојот на современата автомобилска индустрија. Според Кругер развојот на посебната интелигенција оди побрзо од очекуваното.

„До неодамна нашите главни конкуренти беа Mercedes, Audi и Porsche. Сега ние со интерес следиме што прават почетниците во бизнисот, како Tesla и Faradey, за кои пред 10 години никој не беше слушнал. Се разбира, не го пропуштиме и континуитетот во развојот на Google, Apple, Baidu и Alibaba. Автомобилската индустрија во моментов радикално се менува, и мора да се пратат современите трендови“, истакна Кругер.

Шефот на BMW даде неколку примери. Во март оваа година програмата Google AlphaGo го победи во играта Го најдобриот играч во светот – Кореанецот Ли Седол. Компјутерот беше подобар од шампионот, правејки потези кои до овој момент беа сметани за грешни. Играта Го е посложена од шахот и е дел од 5-те основни дисциплини во Светските интелектуални игри. Друг пример е хуманоидниот робот – Pepper развиен како помошник на возрасни луѓе. Тој може да ги анализира човечките емоции и да реагира на нив. Ако човекот е весел, тогаш роботот ја споделува неговата радост. А, ако е тажен – бара начин да го утеши. Според Кругер сето ова ќе доведе до создавање на посебна интелигенција, која ќе може да се користи кај автомобилите. Токму од таа причина во моментов BMW бара да ангажира специјалисти, за да се вклучат во развојот на концептниот модел Vision Next 100 прикажан претходно оваа година. Возилото треба да се појави во сериско производство во 2021 година и да стане предводник на германскиот производител. Со него Баварците ќе ја започнат ерата на производство на системи за автономно управување на автомобилите.

Автоплус

- Реклама -