BMW ја освежува својата палета оваа пролет

Од пролетта во 2014 година, BMW ја проширува палетата на мотори за најновите засилувања и претставува четири нови варијанти со xDrive. Интелигентниот систем за двоен погон за прв пат ќе се нуди и за BMW 4 Cabrio. Покрај тоа за Серија 4 ќе се нуди широк спектар предлози на BMW Individual.

Сите модели на брендот без X6, сериски ќе се опремени со индивидуален систем за контрола на притисокот во секоја од гумите. Најновата генерација на опциите радио Professional и навигациски систем Business ќе се одликуваат со проширена функционалност, на пример Bluetooth Audio Streaming и пристап до мноштвото услуги на BMW ConnectedDrive. Од оваа година системите влегуваат и во BMW Серија 1, BMW Серија 2 и BMW Серија 5 и ќе се на располагање кај сите модели со исклучок на BMW X6. Сериската опрема на новото BMW X5 ќе вклучува опцијата „асистент за возење“, а кај BMW 650i Coupe, BMW 650i Cabrio и BMW 650i Gran Coupe сериски ќе биде и М-спортскиот издувен систем.

Нарачките за новиот модел на BMW 2 Coup веќе почнаа, на пазарот моделот доаѓа од 1 март и истовремено со тоа во поставата влегуваат и два дополнителни дизел мотори – 218d и 225d. Првиот ќе е во спрега со сериски 6-брзински мануелен менувач, а 8-степен автоматски Steptronic ќе биде опција, додека кај постариот дизел мотор тој ќе е основен. BMW 218d Купе е со моќност од 143 КЅ и вртежен момент од 320 Nm. Со него верзијата забрзува од 0 до 100 km/h за 8,9 сек (автоматска трансмисија: 8,6 сек) и постигнува просечна потрошувачка од 4,3 до 4,5 l/100 km. Моделот 225d располага со 218 КЅ и троши 4,7 l/100 km.

BMW Серија 3 Gran Turismo ќе има нов 6-цилиндерски дизел мотор 330d со моќност од 258 КЅ и вртежен момент од 560 Nm. По желба може да биде комбиниран со xDrive. Со него BMW 330d Gran Turismo забрзува од 0 до 100 km/h за 5,7 секунди (BMW 330d xDrive Gran Turismo: 5,4 сек) и просечната потрошувачка на гориво е од 5,1 до 5,4 l/100 km. Покрај тоа за сите модели на BMW Серија 3 од оваа пролетта ќе се нуди и иновативен пакет – ксенон фарови и адаптивни светла за свртување, BMW Head-Up дисплеј, асистент за долгото светло и системот Speed Limit Info, вклучувајќи индикатор за забраните за претекнување.

Благодарение на четвртиот дизел, гамата од агрегати за BMW 4 Coupe од март 2014 година ќе биде зголемена на вкупно 7 мотори. Новото засилување е четирицилиндерскиот дизел мотор со технологија BMW TwinPower Turbo и моќност 218 КЅ, кој кај новото BMW 425d Coupe може да биде комбиниран со серискиот шестстепен рачен менувач или опционалната осумбрзинска автоматска трансмисија Steptronic. Новиот модел забрзува од 0 до 100 km/h за 6,7 секунди (автоматска трансмисија: 6,5 сек). Средната потрошувачка е од 5,0 до 5,1 l/100 km (автоматска трансмисија: 4,7 до 4,9 l).

 

- Реклама -