Германската компанија BMW и јапонската Nissan ги здружија силите за поставување на станици за брзо полнење на електрични возила, објавија производителите.
Предметните станици ќе бидат изградени на територијата на САД, а можно е слична инфраструктура да биде формирана и во Европа. Планот за Северна Америка предвидува изградба на 120 станици поставени во Калифорнија, Конектикат, Флорида, Џорџија, Илиноис, Индијана, Мериленд, Минесота, Мисури, Њу Мексико, Невада, Њу Јорк, Северна и Јужна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Тенеси, Вирџинија и Висконсин. Секоја станица ќе може да понуди усуги истовремено за најмалку два автомобили, а ќе работи со конектори CHAdeMO и CCS. Ова ќе им овозможи на сопствениците на BMW i3 и Nissan Leaf да ги полнат брзо и беспрекорно своите електрични возила. Станиците ќе бидат достапни и за други брендови електрични автомобили кои ги користат овие стандарди. Локациите на станиците ќе бидат воведени во апликациите BMW i Remote и Nissan EZ-Charge.
Од информациите се дознава уште дека новата мрежа ќе овозможува сосема брзополнење – 20-30 минути, за кои за полнењето на батериите ќе биде до 80%.