Во понудата на BMW во моментов се наоѓа само еден Gran Turismo модел (Ѕeriеѕ 5 GT), но тоа мошне брзо ќе се промени.
Имено, по веста дека на Салонот во Париз Баварците ќе се претстават со својот најмал Gran Turismo модел, конструиран врз Ѕeriеѕ 1 GT, пристигна и информацијата дека BMW покрај Сена ќе изложи и концепт конструиран врз „тројката“.
Што се однесува до сериската варијанта на Ѕerieѕ 3 GT (фабричка ознака F34) на пазарот ќе се појави во првата половина на идната година. Seriеѕ 3 GT би требало да се одликува со поатрактивен изглед, со подолго меѓуоскино растојание во однос на стандардната седан верзија и повеќе место за патниците позади и се разбира поголем багажник.
„Тројката“ на BMW во GT издание ја карактеризираат како „Progressive Activity Coupe“, а што се однесува до палетата на погонски агрегати, според најавите, би требала да биде иста како и кај новата генерација Ѕerieс 3.
Тоа значи дека BMW 3 GT ќе го добие и новиот 3,0 литарски шестцилиндерски TwinPower Turbo бензинец со моќност од 225 kW/306 КС и 400 Nm. Како опција ќе може да се бира меѓу три или две седишта во задниот дел, стаклен панорамски покрив, а на вратата од багажникот ќе се отвора само стаклото. Според германските медиуми BMW 3 GT во однос на базниот модел ќе биде поскап само за 4.500 евра.
Објавено во соработка со Авто Плус.