Благо, солено, луто, горко… а дали сте го пробале петтиот вкус?

umamiУмамито пред 102 години го откри еден јапонски научник, но се до неодамна не беше пошироко познато. Тоа е тајната состојка на фантастични јадења, а познато е како „петтиот вкус“.

umamiУмамито пред 102 години го откри еден јапонски научник, но се до неодамна не беше пошироко познато. Тоа е тајната состојка на фантастични јадења, а познато е како „петтиот вкус“.

Гастро критичарката Лаура Сантини, која ја разви неговата модерна верзија во облик на паста објаснува: „Сакав да го тргнам превезот на мистерија дека умами е нешто што го разбираат само научниците. Вистината е дека тој треба да му биде интересен на секој што има јазик.“

Умами револуцијата започна во 1908 година во Токио  кога хемичарот Кикуане Икеда го идентификува како вкус на храна со голем удел на глутамат. Набрзо тој успеа да кристализира натриј глутамат, контроверзен засилувач на вкусот, кој потоа се рашири околу светот.

Потоа, 2000 истражувачи од Универзитетот Мајами открија дека јазикот има рецептори за вкус посебно чувствителни на глутамат, кои го сигнализираат присуството на протеините во храната кои се потребни на телото. Оттогаш можностите на умами се користат во рестораните ширум светот.

Прочитајте и:  Во Јапонија се шири смртоносна болест која ги напаѓа мускулите, може да стане фатална за 48 часа доколку не се лекува

Далеку од тоа дека се работи за јапонски феномен, постојат примери за храна богата со умами во секоја култура (тој е дел од природниот вкус на месото, сирењето и печурките). Мајчиното млеко исто така е богато со него. Иако умами е познат на Истокот повеќе од 100 години, на Запад каде примарно се разликуваат само четири вкусови на храната, тоа е нов концепт. Умами на јапонски значи „вкусно“, а најблиску е да се опише како оној специфичен вкус на месото. Неговата модерна верзија позната како „Вкус бр.5“ наскоро ќе се најде во продажба во Англија. [You’ve tried sweet, sour, bitter and salty… now tubes of the ‘fifth taste’ to be sold in supermarkets]

- Реклама -