Бизнис со лебарки

Додека сите се плашат од нив, 37-годишна кинескиња одгледува во домот 100 000 лебарки кои што таа ги нарекува „мои деца”.

Јуан Мејшиа живее во село во провинцијата Сечуан, Јужна Кина. Таа одгледува лебарки  не поради чуден фетиш, туку затоа што ги продава на фармацевтски компании кои потоа ги користат за правење на лекови.

„Жал ми е кога треба да се разделам со нив. Тие сите се мои деца, мои бебиња . Започнав да одгледувам лебарки , откако видов на телевизија како го прават тоа во градот Анхуј “, раскажува Кинескињата. „Тогаш научив дека лебарките можат да се користат не само за храна, бидејќи се богати со протеини, туку и за подготовка на лекови . Затоа купив неколку десетици илјади и почнав да ги одгледувам во домот.“

Јуан го започнала  бизнисот со почетен капитал од 10 000 јуани (околу 1.600 долари). Со овие пари таа купила 20 килограми живи лебарки , кои почнала да одгледува во својот дом.

 

- Реклама -