Бизарни закони за сексуални односи

spring_awakening_pЗабраната за водење љубов во автомобил, сексуални односи само со изгасено светло, „регулирање“ на здивот на устата пред интимен однос и мастурбирање што се казнува со смрт се дел од бизарните закони што се на сила во одделни држави во светот за да го регулираат „моралот на населението“.


spring_awakening_wideweb__470x3130Забраната за водење љубов во автомобил, сексуални односи само со изгасено светло, „регулирање“ на здивот на устата пред интимен однос и мастурбирање што се казнува со смрт се дел од бизарните закони што се на сила во одделни држави во светот за да го регулираат „моралот на населението“.

Законите, кои одредуваат што е дозволено а што не, при заемна согласност за сексуален однос на возрасни лица во некои земји се на граница со бизарноста. Забраните понекогаш се смешни, понекогаш бесмислени, а понекогаш дури и се граничат со човековите права и слободи.

На пример во местото Тремонтон, Јута, на жените не им е дозволен секс во возилата за брза помош, а за оние што се доволно невнимателни да ги фатат во таква ситуција следува строга казна – обвинение за неморал, а имињата на учесниците ќе бидат објавени во локалниот весник.

Во Александрија, Минесота, на мажите не им е дозволено да водат љубов ако претходно јаделе лук или кромид. Исто така, ако жената го замоли, тој мора пред сексот да ги измие забите.

Во Алабама, пак, е забрането да се продаваат играчки и други сексуални помагала, тие може да се користат само во образовни цели.

Уште едно бизарно правило е поврзано со хотелот „Хастингс“ во Небраска. Овој хотел задолжително мора да им овозможува на своите гости чисти и испеглани пижами бидејќи на брачните парови не им е дозволено да водат љубов голи.

Во Индонезија одат до крајни граници, па таму мастурбирањето се казнува со смрт. Во Бахреин гинеколозите може легално да направат гинеколошки преглед, но притоа не смеат да гледаат директно во женските гениталии. Прегледот се прави со помош на огледало.

Во Будимпешта паровите што водат љубов, според законот, мора да ги изгасат светлата во станот или во куќата.

Изневерена сопруга во Хонгконг има законско право да го убие својот неверен сопруг, ама само со голи раце. Од друга страна, пак, жените што ги изневериле своите сопрузи, може да бидат убиени на кој било начин. виа.

- Реклама -