Битиќи: Во изминатите четири години власт на СДСМ бројот на вработени порасна за 60 илјади

„Во изминатите четири години од владеењето на СДСМ за 60.000 лица е зголемен бројот на осигуреници, тоа значи дека вкупниот број на вработени расте“, изјави вицепремиерот за економски прашања – Фатмир Битиќи, во „24 анализа“ на „ТВ24“.

Тој појасни дека од 24, 7 отсто вработувања во времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега имаме 16, 2 посто, 730.000 вработени наспроти 790.000 вработени.

„Ако некој е против граѓаните да живеат подобро, нека му служи на чест. Ако некој вели дека 9.000 е добра плата, тоа е нивна политика, тоа не може во време на СДСМ бидејќи ние сакаме граѓаните да живеат достоинствено. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше 250.000 милиони евра за 15.000 работни места, но тие ем добиваа субвенции, ем даваа плата од по 9.000 денари“, рече Битиќи.

- Реклама -