Би-Би-Си: Се слушаат експлозии во Киев и во други делови на Украина

Лондон, 24 февруари 2022 (МИА) – Дописникот на Би-Би-Си во Киев штотуку објави дека слушнал пет до шест „далечни експлозии“ во Киев, и вели дека има извештаи за експлозии на други места во земјата.

Локалните медиуми јавуваат дека пукотници се слушнале во близина на главниот аеродром Бориспил во Киев.

Експлозии можат да се слушнат за време на јавувањето во живо на репортерот на Си-Ен-Ен од Киев.

Според Ројтерс, експлозија се слушнала и во Русија, во близина на украинската граница.

Прочитајте и:  Орбан: Европските компании плаќаат четирикратно повеќе за енергија од американските, ЕУ мора да ги преиспита санкциите против Русија
- Реклама -